Живот
4. September 2015 - 11:08

Мажите кои пушат трева почесто од еднаш неделно имаат 29 отсто помалку сперматозоиди

Пушењето марихуана почесто од еднаш неделно може здравствено да влијае на плодноста кај мажот, намалувајќи го бројот на сперматозоидите за една третина, покажа најновото данско истражување. 

Мажите кои пушат марихуана почесто од еднаш неделно, во просек имаат 29 отсто помалку сперматозоиди.

Ако пак марихуаната се комбинира со потешки дроги како кокаинот или екстази, ризикот за неплодност се зголемува дури за 55 отсто.

Се уште не е целосно јасно на кој начин марихуаната го намалува бројот на сперматозоиди, но се претпоставува дека тоа е поврзано со THC, психоактивна состојка на марихуаната која делува на одредени рецептори во тестисите.

Истражувачите анализираа група од 1.215 млади Данци на возраст од 18 до 28 години. Истражувањето траело од 2008 до 2012 година, а мажите редовно морале да даваат примерок од крв и сперма и да поминуваат низ детални физички испитувања.

Исто така, морале да одговараат на прашања за тоа во колкава мера и колку често користат марихуана и други рекреативни дроги како амфетамин, екстази и кокаин.

Мажите кои признале дека редовно пушеле марихуана, почесто биле и конзументи на цигари, алкохол и кофеин. Мажите кои почесто пушеле марихуана генерално воделе понездрав начин на живот кога се во прашање никотинот, алкохолот и нездравата исхрана, што директно влијаело на квалитетот на спермата и нивото на хормоните.

- Нашите откритија се од јавен интерес, бидејќи покажуваат во колкава мера марихуаната влијае на лошиот квалитет на спермата – рече една водителка на студијата Тина Колд Јенсен, од универзитетот во Копенхаген. 
Оваа студија е објавена во американскиот журнал по епидемиологија, а др. Мајкл Еисенберг од медицинскиот факултето во Станфорд коментирал: - Важно е да се потенцира дека пушачите на марихуана многу се разликуваат од тие кои не ја конзумираат оваа дрога. Оваа студија е само една од тие кои ни говорат во колкава мера и на кој начин.