Мажите кои ја имаат оваа крвна група најчесто „потфрлаат“ во кревет
Се чини дека и крвната група има влијание врз потенцијата, барем според научниците кои проучувале мажи со различни крвни групи и дошле до одредени заклучоци...
Научници од Универзитетот во Орду во Турција откриле не многу добри вести за некои мажи. Имено, тие тврдат дека нивната потенција зависи од крвната група која ја имаат. Според нивното истражување, мажите со крвните групи А, Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да „потфрлат" во кревет, односно да страдаат од еректилна дисфункција во некој момент во својот живот.
Според тоа, се испоставува дека оние со крвната група 0 се вистински среќници, бидејќи кај нив се најмали шансите дека ќе ја разочараат партнерката после сексот. За споредба, од мажите кои учествувале во истражувањето, 42 отсто од оние кои ја имале крвната група А имале сексуални проблеми, а само 16 отсто од мажите со крвна група 0 се соочиле со таков проблем. Научниците велат дека не им е јасно на кој начин крвната група би можела да влијае врз потенцијата.
Едно истражување покажало дека околу 40 отсто од мажите имаат некоја форма на еректилна дисфункција. Меѓу испитаниците со тој проблем, околу 30 отсто од нив признале дека земаат лекови како вијагра, но дека тоа не им помага, пишува „Daily Mail".
Најдобри љубовници
Постојат уште истражувања според кои мажите со крвна група 0 се најдобри љубовници. Тие едноставно уживаат во сексот и се во состојба полека да водат љубов со часови.
Ново на Сител
-
Скопје: Запленета голема количина кокаин со проценета вредност од 10.000 евра
-
„BioCosmos“: Фабриката „Mirana“ не е зафатена, пожарот избувна од гром
-
500 луѓе и 120 возила на собир по полноќ во Струга, одземени 5 возила поради бучава
-
Сиљановска - Давкова: Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза и навредување
-
Поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари | ВИДЕО
-
На „Табановце“ уапсен Германец, запленета е марихуана
-
Измени во Законот за тутун за заштита на домашното производство: Забранет е увоз додека трае откупот
-
Најмногу дожд во Крива Паланка