Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
Во населба во северниот дел на Атина, утрово беше пронајден 54-годишен маж смртно ранет со огнено оружје во автомобил, а според првичните неофицијални информации, бил застрелан со најмалку 15 куршуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Веројатно мажот бил убиен од непосредна близина, од лице кое се превезувало на мотор, а сè уште е непознато дали имал и соучесник.
Убиството се случи кусо пред 8.30 часот утрово, а жртвата заедно со уште едно лице имале фирма за топографски студии.
Според аудио материјалот од безбедносна камера што го објавија грчките медиуми се слушаат околу 15 истрели, мала пауза и уште неколку истрели, што упатува на мафијашка ликвидација.
Причините и мотивите за убиството засега се непознати, а во тек е истрага на полицијата.
Весникот „Катимерини“ пишува дека според нивни информации, 54-годишниот пред неколку години во полиција пријавил дека бил физички нападнат.
Ново на Сител
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава
-
Кејти Пери оди во Вселената
-
Ватикан: Папата Франциск продолжува со лекувањето, неговата здравствена состојба се подобрува
-
26 годишна девојка пријавена за исчезната, пратила порака дека е во Србија
-
Сериозни инциденти во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа
-
Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег