Маж убиен од своето куче пред камерите на ББС додека давал интервју!
Маж (41) убиен е од неговото сопствено куче и тоа додека давал итервју за ББС кои за несреќниот човек снимале документарец.
Стафордот го нападнал својот сопственик во северен Лондон, пред неговиот дом, и тоа пред камерите на ББС. Случајот се случил во понеделникот, мажот веднаш е префрлен во болница, но починал од последиците од нападот многу брзо. Како што е наедено во обдукцискиот наод, мажот изгубил многу крв.
"Смртта не ја третираме како сомнителна. Причина за смртта е хиповолемичен шок и оштетување на дишните патишта", кажал портпаролот на лондонската полиција. Од ББС не откриле детали за овој случај, велат дека се "свесни за инцидентот но не можат ништо да коментираат", пишува Деили Меил.
Стафордите инаку се наоѓаат на листата забранети раси во Велика Британија иако се многу популарни за избор за домашно милениче. На листата забранет раси се и пит бул териер, јапонска тоса и аргентинска дога.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
