Маж пронајден починат по паѓање од скала во Куманово
74-годишен маж од Куманово е пронајден починат вчера, откако се качил на скала и паднал. Како што соопштуваат од МВР:
„На 01.07.2020 во 12.30 часот во СВР Куманово од Итната медицинска помош Куманово било пријавено дека во Куманово, на ул.„Мирче Ацев“, бил пронајден починат А.Г.(74), кој, според пријавеното, паднал од скала.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека околу 12.15 часот, А.Г. се качил на дрвена скала, висока околу два метра, потпрена на бетонска бандера за да работи на објект.
Скалата се излизгала, а тој паднал пред влезот од гаражата и починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејствотo.“
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости