-->
-->
Маж од Свети Николе починал откако со кабли сакал да го стартува возилото, паднал и бил прегазен
-->
На 27.08.2023 околу 10.30 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека во месноста викана „Круши“, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М.(58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф“ истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што бил прегазен од возилото.
Од здобиените повреди З.М. починал на лице место. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по овластување на Јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе. Телото на починатиот е предадено на семејството, стои во денешниот билтен на МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО поднесе обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД