-->
-->
Маж ми има дечко, а јас имам дечко. Пресреќни сме!
-->
За разлика од многуте други пријателки, јас не сум несреќна жена. Она што ми се случи го прифатив како реален живот и како факт кој не можам да го променам. Голем број на мои пријателки живеат во алиби бракови и врски и се трудат да ја зачуваат илузијата за убав заеднички живот. Мажите ги изневеруваат и честопати ги малтретираат, а тие тие го кријат и глумат дека се им е розево.
Пред три години открив дека сопругот ми е геј. И порано наслутував, но една ноќ се ми стана јасно. Ми призна сам. Се забавувавме пет месеци пред да се венчаме. И двајцата имавме излезено од долги врски и повеќе поради притисок од околината, а не од што сакавме решивме да започнеме со заеднички живот. Тоа не беше голема љубов, се гледаше уште од самиот почеток.И покрај тоа имавме складна врска, а потоа добивме и ќеркичка. Таа ноќ ми призна дека веќе неколку години е во врска со другар му Милан кој исто така е оженет.
Ми објасни дека се сакаат, дека тоа е љубов уште од студентските денови. Со оглед на тоа што е многу смирен, чесен и паметен ми дозволи јас да одлучам што ќе се случи со нас. Препуштајќи ми ја мене таа одлука, ја направи најмудрата работа. Неколку недели размислував и не знаев што да правам, но на крај решив да му предоложам да останеме во заедница поради ќерката, но да имаме слобода и двајцата да се гледаме со кој сакаме, под услов да бидеме дискретни.
Со оглед на тоа дека и претходно сексот ни беше лош и редок, почнав да излегувам со други мажи. На почетокот бев очајна, наидував на секакви будали. Дури после една година успеав да запознаам некој интересен и нормален.
Со сопругот се договоривме Милан да продолжи да доаѓа кај нас и тие двајца да се гледаат во нашата куќа. Пред неколку месеци маж ми го запозна и дечко ми. Ми делува многу лудо кога ќе го изговорам ова, но ние функционираме одлично.
Нашиот однос е доказ дека за се постои компромис. Имаме една заедничка цел во животот, а тоа е нашата ќерка да прерасне во фина и културна дама!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината