Маж и жена од струмичкото село Мокриево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа
Маж и жена од струмичкото село Мокриево го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи доцна попладне на излезот од селото Колешино.
Се работи за двајца сопружници на возраст од 70 и 69 години кои најверојатно поради неприлагодена брзина на нивното возило излетале од коловозот и завршиле во каналот покрај патот. Од тешките повреди и двајцата починале на лице место, а лекарот од итната медицинска помош само ја констатирал смртта.
Поради големите оштетувања на возилото во извлекувањето на телата се вклучија и пожарникарите од струмичката противпожарна единица. Жителите на околните куќи во шок. Никој не видел како дошло до несреќата, единствено што слушнале бил силниот тресок.
За околу 24 часа и на оддалеченост од неколку километри ова е втора сообраќајна несреќа во која животот го загубија жители од истото село. Вчера вечер на локалниот пат Ново Село Мокриево загина и 38 годишник од ова населено место , а уште две лица беа повредени.
Сега веќе починатиот бил сопатник во патничко возило кое од изгубило контрола и излетало од патот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет