Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
На социјалните мрежи објавена е вознемирувачка снимка на која се гледа како маж брутално тепа жена во живо на „ТикТок“, со повик до надлежните итно да реагираат.
„Денес добивме нова дојава од граѓани каде ликов јавно и на Live ја тепа бремената жена. Видеото е во објавата жената плачи и моли да не ја тепа!!! Лицето е од Радовиш. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи веднаш да го уапси ова лице, бидејќи ова може да има фатални последици по животот на бремената жена. Сите информации се добиени од загрижени граѓани. Ве повикуваме веднаш ваквите насилници врз жени и неродени деца да бидат уапсени!!! Ова е веќе од јавен карактер каде цела јавност гледа ИЗЖИВУВАЊЕ на live!!!“, пишува во објавата.
На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка