„Мазев и јас“ - годишна изложба на основни училишта
Националната галерија на Македонија денеска ќе отвори годишна изложба на основни училишта, насловена „Мазев и јас“. Изложбата ќе биде во објектот Даут-пашин амам каде што веќе два месеца е поставена изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“.
- Овој проект кој го презентира делото на бардот на македонската модерна и постмодерна беше вклучен во едукативната програма на Националната галерија на Македонија. Беа одржани работилници во кои учествуваа ученици од основните училишта од Скопје. Младите креативци најнапред имаа можност да ја разгледаат изложба на Петар Мазев, а на ликовните работилници, црпејќи инспирација од неговото творештво, создаваа уметност совладувајки ги првите чекори на сликарските техники. Создадоа необични и оригинални творби кои носат заеднички потпис „Мазев и јас“, соопшти НГМ.
Годишната изложба на основните училишта ќе биде хуманитарна, а со собраните средства од донации ќе биде обезбеден сликарски прибор за учениците со оштетен слух и говор, штитеници на „Партенија Зографски“ од Скопје. Изложбата ќе биде поставена до крајот на годинава.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени