Македонија
14. October 2015 - 19:29

Матурантите ќе полагаат екстерно по нов модел

Матурантите ќе полагаат екстерно по нов концепт. До јануари ќе биде изработен моделот кој ќе ги задоволува сите засегнати страни, уверува министерот за образование.

Иако времето е кратко, Адеми вели дека во овие два месеци интензивно ќе се работи,  ќе се остварат  средби и со наствниците  и со учениците.

Тие веќе работеле под притисок, но решение за пообјективно оценување  ќе има. Екстерното тестирање нема да биде предлог на министерството за образование, тука заеднички став од кој ќе произлезе новиот модел.

Сите идеи кои беа презентирани во јавноста биле само предлози но не и конечено решение, вели министерот.

-Нас времето не гази, но ќе работиме напорно, за два месеци мора да изнајдеме заедничко решение, матурантите треба да знаат како ќе полагаат а сигурно ќе имаат и нови прашања, изјави Адеми.

Во меѓувреме, наставниците имаа проблем со внесување на податоци во електронскиот дневник. Адеми вели дека системот паѓа на почетокот и крајот од годината, затоа што тогаш е најоптеретен.

Софтеврот сега фунционира и просветарите забрзано треба да ги внесат активностите за изминатиот месец.

Тие нема да заработат парични казни, затоа што на неделна база не внеле податоци, бидејќи проблемот бил технички.