Матоши за МИА: Не се укинуваат тестовите за македонските граѓани при влез во Косово
Денешната одлука на Владата на Косово „да ги отвори државните граници на Република Косово со Македонија, Албанија и Србија“ се однесува на олеснување на одредени царински процедури со тие три земји и не значи дека се укинува обврската за приложување ПЦР-тест за македонските граѓани при влез во земјата, изјави за МИА членот на косовската Влада, Халил Матоши.
Заменикот министер во Владата на Авдулах Хоти изјави дека станува збор за „погрешно толкување од страна на некои медиуми“ на дел од соопштението од денешната попладневна седница на Владиниот кабинет.
– Оваа одлука се однесува единствено на отворањето на одредени гранични премини со тие земји, со цел да се олесни движењето на граѓаните, но тоа не значи дека се укинати досегашните мерки и протоколи против пандемијата на Ковид-19. Значи, остануваат на сила сите мерки кои Владата ги има усвоено порано, а кои се однесува на влегувањето во земјата на граѓаните од странство, појасни Матоши.
Во соопштението по денешната владина седница беше наведено дека е донесена одлука „да се отворат државните граници на Република Косово“ кон Македонија, Албанија и Србија, што според дел од приштинските медиуми значеше дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.
Меѓутоа, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во официјалното соопштение од седницата на кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваа тестовите или другите процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.
– Донесена е одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.
Вечерва и Владата во Приштина излезе со соопштение во кое појасни дека процедурите за влез на странски државјани во Косово остануваат непроменети.
Ново на Сител
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел
-
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
-
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството