Матис ја предупреди Северна Кореја да не користи нуклеарно оружје
Новиот американски министер за одбрана Џејмс Матис, денеска ја предупреди Северна Кореја да не употребува нуклеарно оружје, пренесоа светските агенции.
Во спротивен случај, наведе тој на крајот од својата посета на Јужна Кореја, САД ќе испратат ефикасен и разурнувачки одговор.
Тој го увери Сеул во непоколебливата поддршка на Вашингтон.
- Секој напад врз САД или нашите сојузници ќе биде возвратен, рече новиот шеф на Пентагон.
Неговата изјава доаѓа на загрижувачките одгласи за тоа дека Северна Кореја може да се подготвува за нов обид за тестирање нова балистичка ракета, како „добредојде“ или рано предизвикување на владата на новиот претседател на САД Доналд Трамп.
Посетата на Матис на Јужна Кореја воопшто е прва на странство на еден член на администрацијата на Трамп.
Британските меидуми навдуваат дека американскиот министер за одбрана и неговиот јужнокорејски колега генерал Хан Мин-ку се договориле, според претходните планови, САД годинава во оваа земја да разместат систем за противракетна одбрана THAAD.
Целта е да се неутрализира севернокорејската ракетна закана.
Ново на Сител
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Во Кавадарци одземено возило поради создавање бучава
-
Руте повика на нормализација на односите со Русија по завршувањето на војната во Украина
-
Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака за железничкиот Коридор 8
-
Без вода утре селата Батинци и Љубош