Матичните служби работеа само за младоженци
Вратите на Управата за водење на матични книги отворени само за младоженци. Среќа денеска да склучат брак имаа само оние кои термин закажале пред да почне штрајкот на вработените. Шалтерите пак, останаа празни за граѓаните кои имаа потреба да извадат документи.
Изводи ќе се издаваат само во итни случаи или за странски државјани.
Но гужви немаше, најверојатно затоа што граѓаните знаеа дека вработените во Управата од денеска ќе штрајкуваат.
Станува збор за околу 500ни административци во земјава, кои бараат да се донесе колективен договор.Реагираат дека имаат и колеги кои со години работат за примања помали од минималните.
Од министерството за правда, под чија надлежност е и Управата за водење на матични книги, велат дека барањата не се согласно законот за административни службеници.
Барањето за зголемување на бодувањето на вработените според квалификации за 60 бода за секое ниво, како и предвидување на четири секретари во Управата е спротивно на Законот за административни службеници. Заради тоа, текстот на договорот треба комплетно да се преработи. Таков договор, кој предвидува излегување од износот на предвидени средства е незаконски и за тоа се предвидени санкции согласно Закон за Буџети на РСМ, велат од министерството.
Вработените најавија дека ќе штрајкуваат секој ден од 8 до 16 часот.
-
Елена Милошевска Јакимовски
Сите содржини од овој новинар