Матичните лекари го одложуваат протестот за две недели

Приватните матични лекари го одложуваат протестот на две недели за да видат каков ќе биде исходот од работните групи што треба да ги формира Министерството за здравство, односно дали ќе бидат исполнети нивните три клучни барања: лиценца за работа и пациенти на ПЗУ, како и минималнао покачување на капитацијата која засега изнесува 55 денари.
Ако и по две недели не се остварат барањата, Управниот одбор на Здружението повторно ќе се состане и ќе одлучи како ќе делува.
- Оваа Влада вети зголемување на бодот и очекуваме зборот да си е збор. Никој не бара бодот веднаш да биде 90 денари, но покачување мора да има, изјави денеска претседателот на Здружението на приватни матични лекари Лилија Чолакова.
Во врска со другите две барања, објасни дека ако некој матичен лекар замине, пациентот автоматски се брише, не може да земе боледување, ниту може некој да му препише терапија. Ако пак, почине сопственикот на ординацијата, сите пациенти и вработени остануваат на улица.
- Пациенти на ПЗУ е барање веќе седум години, до три министри и никако да се реализира, потсети Чолакова.
Здружението бара и зголемување на буџетите на специјалистите, како и на лабораториите (ЛУ1 и ЛУ2).
- Револтот е голем кај целото приватно здравство, а ситуацијата е алармантна. Во Источна Македонија нема специјалисти, нема болници. На земјава и требаат доктори, а не советници кои од старт земаат по 50.000 денари. Од 2011 година нема промена на начинот на плаќање во примарното здравство. Буџетите за специјалистите не се променети. Мора да има подеднакво делење на здравствениот колач, потенцира претседателката на Здружението на приватни матични лекари.
Ново на Сител
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
