Матичарот одбил да ги венча - намерите не му изгледале искрени
Матичарот на општината Кањи, г-дин Сер, во француските Приморски Алпи одби да спроведе венчавање на парот кој дошол со таа намера кај него поради разликата во возраста од 42 години, при што младоженецот имал 80 години а неговта невеста во најава - 38 години. Свадбата била одложена и барањето било доставено на арбитрирање до републичкиот јавен обвинител, пишува францускиот весник "Ниш-Матен".
Матичарот предизвикал расправија и гнев кон него од младенците и неколкумината присутни нивни пријатели кои се обиделе со притисок да го натераат да си ја заврши својата работа и да не си зема право да цени вкус и односи меѓу луѓе со кои нема нјишто заедничко, но се било залудно, матичарот Сер останал на својата одлука.
На присутните им објаснил дека според него не гледа искреност и јасни намери кај присутните младоженци што, според него, е услов да ја спроведе законската постапка. Инаку младоженецот Жан-Клод (80) и Дебора (38) се во врска веќе две години, но ќе мора да почекаат судството да ја потврди или отфрли можноста за нивниот брак, процес кој ќе трае два месеци.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата