Живот
19. July 2017 - 11:41

Мастило коешто лесно се отстранува од хартијата

Научници од калифорнискиот универзитет „Риверсајд" со помош на наночестички, создадоа специјално мастило што може да се брише.

На тој начин, еден лист хартија ќе може да биде и 80 пати употребен за печатење.

Во САД годишно се користат 70 милиони тони хартија, и новиот пронајдок има за цел таа количина да се намали, поради повеќе причини, како што се помалку смет, помала сеча на дрвја, помалку материјал за рециклирање.