Македонија
28. February 2018 - 11:01

Масовно се краде вода за пиење во Кавадарци

Во Кавадарци се краде вода за пиење, а само во последните пет години во оваа општина се откриени 361 див приклучок, за МИА потврди Ѓорѓи Поп Ицов, директор на Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

- Проблемот го решаваме на тој начин што на крадците им изрекуваме казна, им пресметуваме потрошени од 100 до 500 кубни метри вода. Им бараме плаќање на такса за приклучок, како и поставување на водомер, појаснува Поп Ицов.

Тој нагласува дека претпријатието, исто така, поднесува и кривични пријави против несовесните кавадарчани, кои на различни начини се обидуваат да крадат од водата за пиење, што до градот се носи педесетина километри од под планината Кожуф.

Ново на Сител