ОН: Масовна глад во делови на Јужен Судан
Масовна глад зафати делови на Јужен Судан, каде на околу сто илјади лица им се заканува смрт од глад, соопштија три организации на Обединетите нации, јави ДПА.
- Масовната глад во моментов засега делови од државата Јунити во северно централниот дел на Јужен Судан. Прогласување масовна глад значи дека луѓето веќе почнале да умираат од глад, соопштија Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), Светската програна на ОН за храна и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Уште еден милион лица се на граница на масовна глад во неколку делови на земјата, каде земјоделството бележи пад, откако изби воен конфликт меѓу претседателот Салва Кир и неговиот поранешен заменик Риек Мачар во декември 2013 година.
Вкупно 4,9 милиони лица - над 40 проценти од населението на Јужен Судан, имаат итна потреба од храна и помош во земјоделството.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот