Масовен украински напад со беспилотни летала врз Русија - Една жена загина, повредени 3 лица
Украина синоќа изврши масовен напад со беспилотни летала на неколку руски региони, меѓу кои Брјанск, Москва, Тула, Калуга, Белгород, Курск, Орел, Воронеж, како и во регионот Краснодар. Една жена загина, а три лица се повредени во напад на беспилотни летала на украинската армија врз Москва во текот на ноќта, соопшти гувернерот на Московската област Андреј Воробјов. Претходно беше објавено дека жртва на нападот со дрон е деветгодишно момче, но Воробјов тоа го негираше, пренесува РИА.
Видеата од експлозиите кои се слушнаа над областа Брјанск беа објавени од локалните жители на социјалните мрежи половина час по полноќ по локално време. Гувернерот Александар Богомаз тврди дека противвоздушната одбрана соборила 59 украински беспилотни летала во текот на ноќта.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така, тврдеше дека повеќе од десет беспилотни летала биле соборени над Московската област на пат кон главниот град. Собјанин извести дека итните служби го гаснат пожарот на 11 и 12 кат од станбената зграда во Раменској. Остатоците од дронот беа пронајдени и во близина на меѓународниот аеродром Жуковски, на околу 36 километри југоисточно од центарот на Москва.
Повеќе од 30 меѓународни и домашни летови кои требаше да полетаат меѓу полноќ и 7 часот по локално време беа одложени на аеродромот Внуково поради нападот. Аеродромот Домодедово во Московскиот регион беше затворен во раните утрински часови.
Два беспилотни летала наводно биле соборени во областа Тула, а остатоци паднале на енергетски објект. Според извештаите на руските државни медиуми, нема повредени или прекини во снабдувањето.
Во последниве месеци, украинските сили ги засилија нападите врз цели на руска територија, со цел да ја оштетат руската нафтена индустрија и објектите што ги користат Русите за воени цели.
Во текот на ноќта на 1 септември десетици беспилотни летала нападнаа неколку руски региони, а руското Министерство за одбрана тврди дека соборило 158 беспилотни летала.
Ново на Сител
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите