-->
-->
Масовен протест пред МВР, се бара оставка од Оливер Спасовски
-->

Започна мирниот протест на граѓаните пред МВР. Гневни на интригите на техничкиот министер за внатрешни работи, граѓаните извикуваат пароли СПАСОВСКИ ОСТАВКА !
Овој протест е резултат на неодговорното однесување на полицијата во простестите во Бутел. “Оливер зошто не си поднесеш оставка“, „Опозицијата ја уништи Македонија“, ова се дел од транспарентите што ги носат членовите и симпатизерите на Светски македонски конгрес кои се собраа пред МВР за да протестираат против министерот Спасовски.

Светскиот Македонски Конгрес бара од Министертвото за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел чија изградба беше стопирана поради блокадата од раководството и членовите на ДУИ и да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела.
Незадоволните граѓан сметаат дека Спасовски треба да поднесе оставка затоа што не спречил да се уништат темелите на крстот во Бутел.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
