Масовен марш во Кичево за единствена, суверена и унитарна Македонија
– Пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа четвртиот протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Даме Силјаноски, кој говореше во името на граѓанската иницијатива, ги повика сите граѓани без разлика на нивната партиска и етничка определба да застанат, како што рече, на вистинскиот пат.
– Пред три дена одовде ве повикав сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати граѓани да застанеме во одбрана на унитарноста на Република Македонија. Од име на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” ви благодарам и уште еднаш ги повикувам сите граѓани без разлика на партиската, етничката или друг вид определба заедно, сплотени, да застанеме на вистинскиот пат, рече Силјаноски.
Тој ги повика и политичарите кои сеуште не се оградиле од, како што посочи, штетната платформа, тоа да го сторат што поскоро.
Протестот заврши мирно со марш низ улиците на градот. Протестите, како што најави организаторот, продолжуваат в понеделник.
Ново на Сител
-
Истрагата за Димитровска е силен удар за угледот на Антикорупциска, велат познавачите
-
Tема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек