Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 5.000 лица побарале болничко лекување поради горештините кои ја погодија Јапонија во текот на минатата недела. Повеќе од 50 отсто од лицата кои се хоспитализирани имале 65 и повеќе години. Загрижувачки е што температурите и во текот на идната недела ќе останат натпросечно високи.
Највисоките температури од околу 37 степени се забележани во понеделникот во префектурата Гифу во централна Јапонија и префектурата Ивате на северот од земјата. Според податоците на јапонската метеоролошка агенција, во околу 80 отсто од следените метеоролошки станици температурата била 30 или повеќе степени.
Тоа не е првпат оваа земја да ја погоди топлотен бран. Во јуни минатата година метеоролошката агенција топлотниот рбан го прогласи за природна катастрофа откако во една недела починаа 65 лица.

