Маскирани разбојници се обиделе да влезат во домот на докторот Вело Марковски
Неколку маскирани лица вчера се обиделе да влезат во домот на познатиот доктор а од неодамна и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски со намера да извршат кражба.
Според информациите, во моментот во домот на Марковски била неговата сопруга и нивното малолетно дете. За среќа не била причинета никаква штета.
Случајот бил пријавен во МВР, но до овој момент за тоа не можеме да добиеме официјална потврда.
Информацијата во телефонски разговор ни ја потврди доктор Марковски но не сакаше да открива детали за случајот.
Вело Марковски е еден од ретките доктори кои од почетокот на кризата ги критикуваат мерките кои надлежните институции ги користат во борбата со пандемијата на корона вирусот.
Од неодамна тој е избран да биде член на највисокото партиско тело на опозицијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар