Маск се премисли: Ќе продолжиме да ја финансираме Украина и покрај тоа што Старлинк ни носи загуби
Илон Маск синоќа изјави дека неговата ракетна компанија „СпексИкс“ (SpaceX) ќе продолжи да ја финансира нејзината Интернет услуга „Старлинк“ (Starlink) во Украина, само еден ден откако кажа дека веќе не може да си го дозволи тоа заради огромните загуби.
Маск на Твитер напиша: „По ѓаволите…иако Старлинк продолжува да губи пари, а другите компании добиваат милијарди долари од даночните обврзници, ние ќе продолжиме да ја финансираме украинската Влада бесплатно“.
Не е јасно дали понудата на Маск била искрена или саркастична. „СпејсИкс“ не одговори веднаш на барањето за коментар.
Маск во петокот кажа дека „СпејсИкс“ не може да го финансира „Старлинк“ во Украина на неодредено време и побара трошоците во иднина да ги покрива американското Министерство за одбрана-Пентагон.
Оваа услуга им помогна на украинските цивили и војската да останат онлајн за време на војната со Русија.
Маск преку социјалните мрежи претходно се судри со украинските официјални лица околу мировниот план што тој го изнесе, за кој Украина вели дека е премногу дарежлив кон Русија.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
