Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението
Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави денеска Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата Х, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони.
Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението, пренесува Анса.
- Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација, рече сопственикот на „Тесла“, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.
Една од главните цели на владата на Мелони е да го врати падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца.
Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа.
Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро