Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари, а сега вреди помалку од 20 милијарди
Tвитер изгуби повеќе од половина од својата вредност во претходните шест месеци, односно откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата. Маск во допис до вработените предложи дека Tвитер сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари, што е значително помалку од 44 милијарди долари колку што Маск плати за купување на Tвитер во октомври минатата година, пишува „Гардијан“.
Големата девалвација на вредноста на компанијата следеше по турбулентното преземање на Маск. Неколку големи огласувачи ја напуштија платформата, а главниот извор на средства за купување на компанијата од страна на Маск, инвестициската компанија „Фиделити“ ја намали вредноста на својот удел за 56 отсто.
Маск во дописот исто така истакна како компанијата била само четири месеци од тоа да остане без пари, пред да им подели серија отпуштања на високо позиционирани вработени. Според бројките што ги претстави Маск во декември, бројот на вработени е намален од околу 7.500 на околу 2.000 вработени.
„Гледам јасен, но тежок пат до проценување (на вредноста) на повеќе од 250 милијарди долари“, рече Маск, што би значело десеткратно зголемување на вредноста на акциите.
Ново на Сител
-

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
