Масакр во тунел: Осуммина убиени, 14 повредени

Осуммина милитанти се убиени, а 14 повредени кога израелската војска синоќа уништи тунел, кој се протега од Појасот Газа до Израел, јави ДПА.
Бригадите Изедин ал Касам, военото крило на движењето Хамас, кое ја контролира крајбрежната енклава, соопшти дека еден од загинатите е нивен член. Други двајца убиени се борци на Исламски џихад , помала организација во Појасот Газа.
- Израелската армија уништи „терористички тунел" од израелската страна на границата, соопшти синоќа нејзиниот портпарол. Тој рече дека Израел го смета движењето Хамас одговорно за „нарушување на израелскиот суверенитет".
- Кој и да се обиде да ни наштети, ние ќе го повредиме, предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Хамас оцени на Твитер дека нападот е „нова војна против народот на Газа".
- Нашиот одговор на ова кривично дело ќе биде даден во вистинскиот момент, изјави за новинарите портпаролот на Исламски џихад.
За време на војната во Појасот Газа во 2014 година Хамас користел мрежа од тунели за да складира оружје, или како засолниште при израелските бомбардирања, но и за да организира напади врз Израел.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
