Едно лице е уапсено, тоа е сигурно. Одведено е со полициско комбе на испрашување. Како што се дознава, се работи за братот на еден од убиените.
Според неофицијалните информации, нешто подоцна е уапсено уште едно лице. Тоа е најверојатно убиецот, но полицијата и натаму не го потврдува тоа.
Уапсените лице се спроведени на криминалистичко истражување.
Исто така, од полицијата се дознава дека предупредувањето за забрана за движење по улиците не е повеќе на сила.
„Според првичните информации од теренот сторителот е маж облечен во црно, има оружје и се движи кон Марјан. Се молат сите граѓани на тоа подрачје од градот да се тргнат од улиците и доколку забележат такво лице веднаш да повикаат полиција. Сите расположливи полициски сили се на терен и се трага по сторителот“, стои во предупредувањето објавено претходно.
Како што рече извор од полицијата, забранети се единствено одредени зони во кои се врши увид.
Две лица се починати на самото место, е едно е повредено во пукање во центарот на Сплит околу 15.30 часот на две различни лолации, извести прво сплитската полиција. Ранетото лице починало потоа.

