-->
-->
Масакр во САД: Петмина убиени, меѓу нив и две деца
-->
Пет лица загинаа, вклучувајќи и две деца, при оружен напад во куќа во Рок Хил во Јужна Каролина, соопшти шерифот на округот Јорк.
Отворен е оган и врз уште едно лице кое се здобило со сериозни повреди. Осомничениот е уапсен, соопштија локалните власти.
– Го идентификувавме лицето за кое сметаме дека е одговорно за нападот. Го пронајдовме во една куќа во близина на местото на инцидентот. Не постои директна закана за населението, објави на Твитер канцеларијата на шерофот на округот Јорк.
Жртвите се идентификувани како доктор Роберт Лесли (70) и неговата сопруга Барбара Лесли (69), нивните внуци и Џејмс Луис (39), кој работел во куќата.
Властите не го соопштија името на осомничениот, ниту мотивот за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат