Масакр: Најмалку 27 загинати и 100 ранети во експлозија во Турција
Најмалку 27 лица загинаа и околу 100 други се ранети денеска во бомбашки напад во градот Суруч во југоисточна Турција, во близина на границата со Сирија, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.
- Денеска, околу 12 часот, беше изведен терористички напад во градот Суруч, во округот Шанлаурфа. Според првичните сведоштва, 27 граѓани загинале. Стравуваме дека бројот на жртвите може да се зголеми, се наведува во соопштението на Министерството.
Во моментов во локалните болници се примени околу 100 ранети, се додава во соопштението.
Според турското Министерство, безбедносните сили ги презеле неопходните мерки за безбедност.
Министерстовото засега ги соопштува деталите за силната експлозија, ниту за тоа дали станува збор за терористички напад и кој би можел да стои зад него.
Меѓутоа, претставник на курдската опозициска Демократска партија на народите (ХДП) изјави дека најверојатно станува збор за терористички напад извршен од бомбаш-самоубиец.
„Хабертурк“ пак јави дека според првичните сознанија од истргата, нападот го извршил бомбаш-самоубиец, припадник на џихадистичката група Исламска држава
Експлозијата се случила во дворот на Културниот центар „Амара“, во кој се оддржувала конференција. Најмалку 300 членови на Федерацијата на младински асоцијации на социјалистите са наоѓале во културниот центар, каде учествувале во летна акција за помош за обновата на сирискиот курдски град Кобане, кој главно е населен со локални Курди, кои побегнаа во Турција, посебно во Суруч. пред офанзивата на ИД.
Еден дел од бегалците се вратија во Кобане, откако градот беше ослобиден со помош на курдските борци, но дел од нив се уште се на турска територија.
Ново на Сител
-
Приведени 20-годишник и малолетник од тетовско, пронајдена марихуана и нож во нивното возило
-
Бегалец од затвор при преглед на неговото возило приложил фалсификувани бугарски документи за идентификација
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто