Свет
15. јуни 2017 - 14:46

Масакр: Експлодираше бомба пред градинка, деца и возрасни облеани во крв лежат на земја

Кинеската полиција соопшти за експлозија пред влез во градинка во источниот дел од државата. Полицијата соопшти дека врши истрага, но не даде детали за можни повредени или загинати.  

Според локални медиуми во инцидентот што се случил во Фенџијан, има жртви и на дел од социјални мрежи се споделуваат фотографии на кои се гледа деца и возрасни облеани во крв како лежат на земја.

Во нападот, според првичните информации загинале најмалку 7 лица, а 59 се повредени.