Мартовска филмска програма во Кинотека
Кинотеката на Македонија утре ја почнува мартовската програма која ќе биде отворена во 20 часот со македонскиот документарен филм „Локални херои - светски таленти“ по сценарио на Зоран Димов и режија на Ајдин Ислами.
Документарецот снимен во 2017 вклучува теми и ликови Роми кои се трудат да ги елиминираат стереотипите кон оваа заедница.
Во петок од 18 часот ќе биде прикажан „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, а истата вечер од 20 часот и со уште една проекција в сабота - руската потресна семејна драма „Без љубов“ на режисерот Андреј Звјагинцев.
На 3-ти и 5 март косовско-македонската копродукција „Доме слатки доме“ на Фатон Бајрактари, на 6-ти и 7 март - српскиот игран филм „Панама“ во режија на Павле Вучковиќ, а на 7 март од 20 часот ќе биде прикажан македонскиот „Џган“ по сценаро и режија на Вардан Тозија.
Од 8-ми до 17 март Кинотеката подготови програма со филмови по повод 8 Март: „Мрачно богатство“, „Викторија“, „Злосторството против нас“, „Непослушни“, „Банат (Патувањето)“, „Некои нови приказни“, „Во Сирија“, „Духовите на Исмаил“ и „Реквием за госпоѓа Ј“.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ