Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“
Победник на 34-то издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2019“ е Мартинијан Кириловски, кој ја изведе песната „сто пати на ден“. Второто место е за Александар Митевски и Драган Спасов-Дац со песната „Уште ми фалиш“, а трето место е за познатата група „Фрајле“, кои на македонски ја интерпретираа песната „Не и признавај“.
Наградата за најдобра интерпретација отиде кај Росана Сариќ-Тодоровска со песната „Спомени“, наградата за најдобар дебитант ја доби Славица Ангелова со изведбата на песната „Љубовта не боли“. Мартија Станојковиќ која имаше комплетен настап на сцената ја освои наградата за најдобар сценски настап со изведба на песната „Возбуда и љубов“, и наградата за најдобар аранжман отиде во рацете на Иле Спасов за песната „Кој те учи така“.
Техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов за МИА вели дека е задоволен од 34-то издание на „Макфест“, од самата сцена, преносот на фестивалот и комплетно од она што се случуваше на сцената.
Во преполната сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ синоќа на финалната вечер се слушнаа 20 композиции, додека своја шоу програма имаше Тамара Тодевска. Публиката уживаше во нејзините интерпретации, а на секоја песна имаше долги аплаузи.
Организатор на „Макфест“ и оваа година е Општина Штип со финансиска поддршка на Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација