Мартин Шулц ја критикува новата британска Влада
Претседателот на Еверопски парламент Мартин Шулц денеска остро го критикуваше составот на Кабинетот на новата британска премиерка Тереза Меј наведувајќи дека со тоа се продолжува „опасен маѓепсан круг“ кој ќе и наштети на Велика Британија и на Европа.
– Ние ќе соработуваме со новата британска Влада во овие тешки времиња... Но, составот на новиот Кабиент покажува дека фокусот на новата Влада е помалку за иднината на државата, а повеќе на јакнење на внатрешната кохезија во Конзервативната партија, нагласи германскиот политичар.
– За жал, тоа е само продолжение на она од кое произлезе и тој несреќен британски референдум, истакна Шулц.
Тој додаде дека „Велика Британија мора да го прекине тој опасен маѓепсан круг, што директно има влијание и врз остатокот од Европа“.
– Европа се наоѓа во неизвесна и тешка ситуација, и затоа мора сите да се однесуваме многу одговорно, истакна претседателот на ЕП.
Ново на Сител
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион
-
Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан
-
Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици од октомври 2023
-
Воздушна тревога низ Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев
-
Состојба на патиштата
-
Претежно облачно со повремен дожд во јужните делови од земјата