Мартин Шулц: Апсењата на прокурдски пратеници во Турција ја оддалечуваат Анкара од демократијата и ЕУ
Притворот во Турција на Селахатин Дермиташ, копретседател на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), и неговите соработници ја оддалечува Анкара од демократијата и Европската унија, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
- Со најновите апсења на високи лица, турските власти не само што ја оддалечуваат Турција од демократијата, но свртуваат грб на вредностите, принципите, нормите и правилата кои ги поддржуваат односите меѓу ЕУ и Турција, изјави Шулц, истакнувајќи дека оваа ситуација треба итно да биде решена.
Изминатата ноќ, турската полиција уапси 11 пратеници од Демократската партија на народите (ДПН), меѓу кои копретседателите на партијата ФигелЈукседаг и Селахатин Дермиташ, потсетува ТАСС.
На почетокот на јуни, турскиот претседател Реџеп Ердоган ратификуваше закон со кој се овозможува да бидат лишени од имунитет околу 150 пратеници. Меѓу нив се и членови на Демократската партија на народите, осомничени за помош на Курдската работничка партија (ПКК) и пропаганда во корист на оваа организација.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот