Мартенс: Коронавирусот ќе има делумно влијание на македонското стопанството, но ќе се опорави брзо
Коронавирусот е глобална криза и тоа нема да предизвика застој само во Македонија, напротив ќе предизвика застој и во стопанството во целиот свет. Особено важно е во овој период да останеме со студени глави, изјави денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство во државава Патрик Мартенс.
– Да, ќе има делумно влијание на стопанството во Македонија. Но, сметам дека македонското стопанството во брз и краток рок ќе успее да се опорави од тоа. Поголемиот проблем со кој се соочуваме моментно во земјата е недостигот на стручен работен кадар кој ние, како Делегација на германското стопанство се обидуваме преку нашиот проект за дуално стручно образование што го имплементираме во земјата да го помогнеме, рече Мартенс, одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на панелот за очекувања и предизвиците на бизнисот што го организираше Делегацијата, со учество на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Мартенс појасни дека целта на овие панели е да им се даде шанса на претседателите на големите политички партии, едната или другата, кои ќе ја формираат идната влада да зборуваат пред нивните компании членки, пред инвеститорите во земјата. Да ги претстават нивните планови во однос на стопанството, а компаниите да постават прашања за плановите и приоритетите на партијата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мартенс изрази надеж дека без разлика која политичка партија ќе ја преземе власта во земјата ќе продолжат да мислат на стопанството, односно и во иднина на стопанството ќе му пружат стабилност во планирањето, правна сигурност и силни државни институции.
– И политиката што ќе се води во стопанството и во иднина ќе биде пријателски настроена кон инвеститорите бидејќи тие се оние кои отвораат нови работни места, а државата има добивка од даноците што се плаќаат, рече Мартенс.
Мицкоски, пак, изјави дека идната влада ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе спроведе и сет мерки и политики што ќе значат практично партнерство и поттикнување на економскиот раст на државата.
– Се разбира за да имаме успешна економија во Македонија, ние мораме да имаме успешно реформирано правосудство, а не вакво правосудство кое што од Сваровски прерасна во Луј Витон правосудство, за да можат инвеститорите, без разлика дали доаѓаат од надвор од Македонија или се домашни инвеститори да можат да се чувствуваат сигурни во сопствените инвестиции, рече Мицкоски. Потенцира дека е потребно да се вложува во образованието и во кадарот, односно во човечкиот потенцијал кој, како што рече, потоа ние како држава ќе го понудиме на бизнис заедницата.
Ново на Сител
-
46-годишен маж изгоре во пожар во кочанското село Грдовци
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пензиите ги намалија за 2800 денари, па сега лажат дека ги зголемиле за 130 денари
-
Ново рочиште за „Монструм“, странките ќе даваат завршни зборови
-
СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот
-
Ерменија соопшти за 3.400 смртни случаи во војната во Нагорно Карабах
-
Старата добра вакцина пристигна во соседството - Јас уште вчера би ѕвонел во Пекинг и Москва, вели д-р Беќаровски
-
Научници развија терапија со пептид што спречува тешка форма на Ковид-19
-
Хеликоптер се урна во Њујорк: Загинаа тројца американски војници