Мартанс: Многу можности во Македонија за германските компании од енергетската ефикасност
Македонија нуди многу добри можности за германските компании во областа на енергетската ефикасност поради нејзиниот експанзивен индустриски развој, порачува во утринска телеграма до стопанствениците и медиумите Патрик Мартанс, директор на Делегацијата на германското стопанство во државава.
Во рамки на иницијативата за обновливи извори со поддршка на Сојузното министерство за економија Делегацијата на германското стопанство оваа година заедно со консултантот Energiewechter подготвува делегациско патување за енергетска ефикасност во индустријата на крајот на јули годинава во Скопје.
Според последните статистички податоци за трговската размена на Германија и 29-те земји од Источна Европа, што ги споделува Мартанс, нашата држава се наоѓа на 14. позиција. Трговската размена во 2019 година помеѓу Германија и Македонија изнесуваше 4,4 милјарди евра што претставува 10,8 проценти, зголемување на извозот кон Германија во спорeдба со 2018 и 4,2 проценти зголемување на увозот од Германија кон Македонија. Виенскиот институт за меѓународни студии и истражувања во стопанството за 2020 година прогнозира стопански раст во висина од 3,4 проценти за Македонија.
– Зголемената трговска размена за нас значи и поголем интерес за нашите услуги. Нашиот фокус е насочен кон компаниите кои се позиционираат на пазарот во Македонија, потенцира Мартанс.
Актуелната публикација на ОЕЦД, http://www.oecd.org/south-
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка