Марш за чист воздух во петок во Скопје
Во петок со почеток од 17 часот пред Министерството за животна средина ќе се одржи еколошки протест – Маршот за чист воздух во организација на „Петоци за Иднината Скопје“.
Претходните денови, во организацијата на Маршот се приклучија сите најголеми еколошки движења во Македонија: О2 иницијатива, Скопје Смог Апарм, Не биди ѓубре, Го сакам Водно, Движење за чист воздух, Еко Герила, Билка, Битола сака чист воздух и многу други. Ова претставува историско обединување на зелените движења кај нас зад заедничка кауза, која е сумирана во хаштагот #ЗеленаРеволуција под кој го организираме маршот. #ЗеленаРеволуција за нас значи целосен пресврт во начинот на водењето на политика во Македонија, ставање на животната средина на прво место при носењето на сите одлуки, и тотална мобилизација на сите општествени ресурси за прочистување и ревитализација на просторот во кој живееме, велат организаторите.
За оваа цел, оваа коалиција предводена од „Петоци за Иднината Скопје“ изготви детална листа на барања кон Владата.
„Голем дел од овие барања не се нови, но сега се конечно синтетизирани во сеопфатна програма, и за прв пат имаат рокови за нивно исполнување кои не им дозволуваат на властите да купуваат време и да наоѓаат изговори како досега.
Ако овие мерки не се остварат до март (кога е крајниот рок за најголемиот дел од нив), како носители на #ЗеленаРеволуција ќе ги повикаме граѓаните на бојкот на претстојните парламентарни избори и граѓанска непослушност. Со оглед на бројката на пријавени учесници на настанот, која очекуваме дополнително да се зголеми во следните денови, овој повик може да има пресуден ефект за исходот на изборите и се што ќе се случува во следниот период“, се вели во повикот за протест.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка