-->
-->
Марш во молк „И ти може да бидеш пациент“ во Гевгелија
-->
Здружението „Changemakers4all“ денеска во Гевгелија ќе одржи едночасовен марш во молк „И ти може да бидеш пациент“ за подигање на свеста за проблемите и бројноста на пациентите болни од рак во овој регион.
Целта на овој Марш во молк, соопштуваат организаторите, е да биде прв чекор за обележување на активностите кои следуваат.
– Да се отвори посебно здружение кое ќе се посвети исклучиво на оваа ранлива група, да се покрене иницијатива за детектирање на точните причинители за драстичното зголемување на болни од рак во Гевгелија и околината, како и да да се најават сите иницијативи кои ќе бараат ослободување на болните од патни трошоци до медицинските центри за зрачење, снимања, контроли, или барем на порамнување на додатокот за нега со реалните трошоци или евентуално отворање центар за третирање на овие пациенти во овој регион, информираат од здружението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование