Македонија
21. February 2021 - 18:21

Марш во чест на Борис Трајковски

И во време на на пандемија планинарите не се откажаа од маршот посветен на Борис Трајковски. 15 планинари од Струмица и Валандово и оваа година маршираат во чест на загинатиот претседател. За разлика од претходните 15 години, овој пат поради пандемијата маршот има скратена програма и ќе се одвива во две етапи. Првата е од Струмица до Дедино, маршута долга 40 километри, а втората е во Скопје која ќе се реализира на денот на загинувањето на Трајковски. Стартот вообичаено беше направен од Струмица од пред споменикот на Борис Трајковски. 

,,Сакаме да ја запазиме традицијата и верувам дека секоја година ќе го одбележуваме овој настан за идните генерации да се сеќаваат на ликот на Борис Трајковски. Човек кој имаше големо срце и кој премногу си ја сакаше Македонија.

По изменета програма се одвива и вториот дел од маршот кој се реализира на планината Беласица со искачување на врвот Ботра насловен по Борис Трајковски. Таму викендов заминаа 30 планинари, но поради целата ситуација нема да ја има традиционалната средба со планинарите од соседна Бугарија кои во изминатите години пристигаа од бугарската страна на планината.