Мароко се повлекува од тампон зоната на ОН во Западна Сахара
Вооружените сили на Мароко ќе се повлечат од тампон зоната под контрола на ОН во Западна Сахара, соопштија мароканските власти.
Одлуката за повлекување ја донел кралот Мохамед Шести по неговите разговори со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој побарал повлекување на мароканската војска.
Тампон зоната ги раздвојува мароканските војници и припадниците на Фронтот за ослободување на Западна Сахара (Полисарио) во спорот кој трае повеќе од 40 години.
Западна Сахара е ретко населена и пустинска земја, која до 1975 година беше шпанска колонија.
По повлекувањето на Шпанците, мароканската војска навлезе во оваа територија, а Мароко ја анектираше, прогласувајќи ја за дел од својата државна територија. На тоа реагираа силите на Полисарио кои се бореа за независност на Западна Сахара, по што отпочна војна со Мароко, која траеше 16 години.
Во 1991 година ОН успеа да издејствува прекин на непријателствата, ветувајќи дека во Западна Сахара ќе се организира референдум за независност.
Но, и 25 години подоцна, се уште не е спроведен референдум, на кој инсистира Полисарио, додека мароканската армија и натаму контролора две третини од територијата на Западна Сахара.
Тензииите во овој дел на африканскиот континент се зголемија кога Мароко навлезе во тампон зоната, со што го прекрши прекинот на огнот што го обезбеди ОН. посредувајќи во преговороте на двете спротивставени страни.
Офцијален Рабат минатата недела соопшти дека „никогаш нема да се повлече од Западна Сахара“. која и натаму ја смета за дел од мароканската територија.
Најголем дел од жителите на територијата живеат во соседен Алжир, како бегалци. Некои од нив бегалски статус имаат над 40 години.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“