Мароканска новинарка осудена за абортус кој не го направила

Мароканската новинарка Хаџар Раисуни е осудена на една година затвор под обвинение дека имала нелегален абортус и предбрачен секс.
Нејзиниот свршеник, професор Рифат ал-Амин доби едногодишна затворска казна за наводна соучесништво.
Д-р Мохамед Џамал Белкезиз обвинет е за изведување абортус, и осуден е на две години затвор, објави „Гардијан“.
Во писмо, испратено од затвор, новинарката тврди дека обвиненијата се измислени.
Обвинетите тврдат дека абортусот никогаш не се случил и дека Раисуни била мета на мароканските власти за нејзиниот извештај за немирите на северот на земјата, за што и добила награда. Адвокатот на Раисуни, Мухамед Садку, пресудата ја нарече „регресивна“. Тој додаде дека одлуката на судијата значи дека тврдењата на мароканската држава за почитување на меѓународните конвенции што гарантираат права и слободи се „лаги кои немаат никаква врска со реалноста“.
Новинарката и нејзиниот свршеник беа уапсени пред клиника во Рабат на 31 август. По сослушувањето таа била принудена да и биде извршен гинеколошки преглед. Нејзиниот адвокат подоцна до судот достави лекарски наод дека таа никогаш не направила абортус.
Ново на Сител
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
-

Мицкоски: Да најдеме начин како да го зголемиме гласањето на дијаспората
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
