Марковиќ: Продолжувањето на ЕУ интеграциите со еден посилен капацитет
Црна Гора го продолжува процесот на европски интеграции, со посилен капацитет како членка на НАТО, изјави црногорскиот премиер Душко Марковиќ, на состанок со високата претставничка на Европската унија за заедничка политика и безбедност, Федерика Могерини.
- Црна Гора е пример за успешен пристап. За мене е важно и натаму силно да напредувате, рече Могерини на состанокот со Марковиќ во Брисел.
Марковиќ ја потсети шефицата на дипломатијата на ЕУ на очекувањата на Црна Гора дека претпристапните преговори ќе завршат најмногу за пет години.
- Немаме скриена агенда и сакаме силно да одиме по тој пат концентрирајќи се на реформите и на усвојување на европските вредности со што во ЕУ би влегле со сиот свој потенцијал, рече Марковиќ.
Тој ја потенцира потребата регионот своите проблеми да се обиде да ги реши сам без посебна потреба за медијација на Европската комисија.
- Мошне е важно работејќи на европската агенда да ги јакнеме и односите внатре во регионот. Потребно е да работиме заедно, рака под рака со цел да ги совладаме предизвиците, додаде Марковиќ.
Ново на Сител
-
Деца пронајдени во бесознание
-
Јаневска најави ревизија на универзитетите
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Атанасовски, невролог во ГОБ „8ми Септември“
-
100 години Прилепска пиварница
-
Мицотакис: Имаме „оружје“ за тактиките на Мицкоски, ама не го откриваме
-
Воена помош и оружје - Донесен украински пакт за помош на Украина на НАТО самитот
-
СДСМ обвинува дека со кредитот државата оди во политичко заложништво, за власта ова се најповолни услови досега