Марк Руте: ЕУ ризикува да ја снајде судбината на Римската Империја

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека доколку ЕУ не успее да го запре напливот на бегалци, се соочува со опасноста да ја доживее судбината на Римската Империја.
Руте повлече паралела меѓу моќната, богата и распослана на три континенти Римска Империја, која почнала да се тресе од внатрешните социјални немири и зголемената нееднаквост меѓу луѓето, за да се распадне со навлегувањето на разните племиња на нејзината територија, и актуелната мигранстака криза со која се соочува ЕУ.
- Големите империи во историјата секогаш пропаѓале ако не ги заштитувале добро своите граници, како што тоа му се случило на Рим на крајот од неговото постоење, изјави Руте.
Холандскиот премиер притоа предупреди дека ЕУ мора итно да дејствува за да го запре напливот на имигранти на нејзината територија.
Само оваа година, во Грција, на патот кон Западна Европа, влегоа околу 700.000 имигранти. Во исто време, во Италија пристигнаа уште 140.000 други, главно од Африка, кои до европскиот брег доаѓаат преку Либија во која по соборувањето на Моамер Гадафи нема никаква власт за да ја спречи илегалната миграција.
Напливот на имигранти од двата правци кон ЕУ, претствува најголема мигрантска криза во Европа по завршувањето на Вторатат светска војна.
Руте, сепак, изразува надеж дека Самитот ЕУ-Турција посветен на бегалската криза, што е закажан за в недела, ќе даде резултати.
- Убеден сум дека средбата на европските лидери со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе помогне за олеснување на сегашната ситуација, рече Руте.
Ново на Сител
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
