„Мариовскиот органски мед" доби сребрен медал на „АГРА 2018“

Пчеларот Менде Трајковски од село Маково, Општина Новаци, доби освои сребрен медал за „мариовскиот органски мед“ на Меѓународниот саем за храна и земјоделство „АГРА 2018“ во Словенија.
Наградата ја освои во конкуренција од 147 примероци мед од Европа и пошироко.
Трајковски се занимава со пчеларење повеќе години и учествува на многу саеми, презентирајќи го најкавалитетниот органски мед од Мариовско како најчисто, незагадено подрачје.
- Наградата многу ми значи. Од медот имав испратено мостри кои беа прегледани во лабораторија, а врз основа на резултатите одлуката за наградата ја донесе комисија составена од три члена. Големо е задоволството, а и сатисфакција не само за мене, туку и за регионот и државата. Ова е доказ дека и ние имаме квалитетен органски мед, дека и ние можеме да произведеме добар производ, вели Трајковски.
Наградата доаѓа во време кога се спроведува процедурата за брендирање на „мариовскиот мед“.
- Во Словенија потпишавме Декларација со пчеларски сојузи од Словенија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, Република Српска и Македонија со која бараме медоносната пчела да биде прогласена како загрозен вид поради климатските промени, загадениот воздух, прекумерната употреба на пестициди, чадот,... Декларацијата ќе ја испратиме до владите на државите од Европа и пошироко. Со тоа очекуваме подобрување на состојбите во пчеларството, дополни Трајковски кој е и претседател на Еколошкото здружение „Кајмакчалан“ со седиште во мариовското село Маково.
„Кајмакчалан“ ја почна иницијативата за брендирање на „мариовскиот мед“ од што се очекуваат поголема промоција надвор од држаата и сузбвање на нелојалната конкурекција.
- Досега имаше случаи кога продавачи на мед го користат името мариовски мед, иако е произведен во друг регион. Затоа сакаме да го брендираме бидејќи сите ги знаеме здравствените придобивки од медот. Манипулациите ќе ги снема со брендирањето на производот. Медарите од Мариово на етикетата ќе можат да го стават географскиот знак за потеклото на производот, потенцира Трајковски.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
