Марина Абрашева избрана за претседател на Основниот суд Струмица
На денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија Марина Абрашева е избрана за претседател на Основниот суд Струмица.
На седницата, како што соопшти Советот, претседателот Бранко Ушковски констатира дека, применуваjќи го мерит системот, на најтранспарентен начин за претседател е избран кандидатот кој ги исполнува условите и критериумите утврдени со Законот за судовите, во постапка и на начин утврдена во Законот и Деловникот за работа на Судскиот совет.
- За претседател е избран кандидат кој покрај другите услови и критериуми во последните две години од страна на Судскиот совет преку АКМИС системот е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на другиот кандидат има добиено најголем број бодови, рече Ушковски и истакна дека сите членови на Судскиот Совет и во иднина ќе продолжат да ги применуваат највисоките европски стандарди и со тоа континуирано да го надградуваат основното начело, а тоа е, напомена, обезбедување непристрасност и при изборот на претседатели и изборот на судии.
На денешната седница Судскиот совет донесе Одлука за објавување оглас за пополнување две слободни судиски места во Вишиот управен суд.
Ново на Сител
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија