Џет-Сет
4. April 2017 - 13:02

Марија Шерифовиќ ги навреди фановите: Еве ја нејзината шокантна изјава

Пејачката Марија Шерифовиќ најави дека некое време се повлекува од социјалните мрежи.

-Драги мои, некое време ќе ме нема на Инстаграм. Го предавам во рацете на својот асистент која ќе ве известува за сите настани, настапи и слично, објави Марија и додаде:

-Виртуелниот свет и луѓето во него сепак се само тоа ... виртуелно сра*е. Чест на исклучоците.

Овие вести не им се допаднаа на нејзините фанови, од кои повеќето во коментари и порачаа да не ги остава, а некои се обидувале да ја наговорат да го смени мислењето.

Сепак имало и такви кои нејзините зборови ги сфатија како навреда и не им се допадна тоа што со пцовка ги опишала своите следбеници на социјалните мрежи.