-->
-->
Марихуана и кокаин пронајдени кај 23-годишна девојка
-->
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, извршувајќи планирани оперативни активности, вчеравечер ( 14 февруари ) околу 22 часот и 20 минути, на паркинг покрај автопатот Тетово-Скопје, забележале патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале Д. М. ( 39 ), А. М. ( 23 ), В. Ѓ. ( 41 ) и Б.Ц. ( 41 ), сите од Тетово.
При преглед во возилото и подоцна на 23-годишната А. М. пронајдена е марихуана, шприц со кафена течност и остатоци од кокаин.
Четворицата лишени се од слобода и задржани за натамошна постапка.Непосредно пред нивното лишување, Д. М. ги навредувал, дрско се однесувал и физички ги нападнал полицисите службеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата