Маричиќ задоволен од билатералниот скрининг за Поглавје 24
Во Брисел штотуку заврши првиот билатералниот скрининг состанок за Поглавјето 24, „Право, слобода и безбедност“. Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, е задоволен од подготвеноста на македонскиот преговарачки тим и квалитетот на презентациите за усогласеноста со ЕУ законите и нивната имплементација.
-Интензивен, но успешен, прв ден од билатералниот скрининг за Поглавје 24. Македонскиот преговарачки тим денеска во Брисел го објасни нивото на усогласеност со законодавството на ЕУ и негова имплементација, низ 23 презентации на 5 теми, во областа на правдата, слободата и безбедноста. Задоволен сум од нивната подготвеност, а и Европската комисија е. Приоритет на институциите и администрацијата останува исполнувањето на обврските од Поглавјата 23 и 24, со цел да одржиме добра динамика на преговарачкиот процеси и побрз напредок во реформската агенда, пишува на својот фејсбук-профил вицепремиерот Маричиќ.
![]()
Утре македонскиот тим продолжува со презентирање на сите преземени активности и нивно спроведување во ова поглавје, кое е поделено на 12 подобласти: азил, миграција, визи, надворешни граници и правото на Шенген, борба против организираниот криминал, соработка во областа на дроги, борба против трговија со луѓе, борба против тероризам и радикализам, судска соработка и размена на информации, судска соработка во кривичната материја, полициска соработка и царинска соработка.
Ново на Сител
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
